Германија бара УЕФА да ја исклучи Белорусија од ЕУРО2024

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Домаќинот на ЕУРО 2024, Германија, ја повика УЕФА да ја исклучи Белорусија од квалификациите за завршниот турнир поради поддршката од официјален Минск на Русија во војната против Украина, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

Во писмо до претседателот на УЕФА Александар Чеферин, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, исто така, апелира на суспензија на руските и белоруските официјални лица од телата на УЕФА. 

Европската Куќа на фудбалот во Нион досега ја исклучи само Русија од сите свои натпреварувања поради инвазијата врз Украина што почна на 24 февруари. 

Жрепката за ЕУРО 2024, кое ќе се одржи во Германија, е закажана за 9 октомври во Франкфурт.