Цената на популарната картичка воведена минатата година, која им овозможува на луѓето да ги користат сите локални и регионални возови, автобуси и метро системи низ Германија, ќе се зголеми за околу 18 отсто следната година.
Министрите за транспорт од 16-те германски покраини се согласија дека цената на Deutschlandticket, која чини 49 евра месечно откако стана достапна во мај 2023 година, треба да се зголеми на 58 евра на почетокот на 2025 година.
„Со оваа цена ќе можеме да ја задржиме атрактивноста на билетот и да го ставиме финансирањето на поцврста основа“, рече Оливер Кришер, министер за транспорт на покраината Северна Рајна-Вестфалија. Тој додаде дека одлуката покажува дека германските регионални власти „сакаат да се држат до успешниот модел Deutschlandticket и да го развиваат понатаму“, пренесува Асошиетед прес .
Според информациите, оваа картичка ја користат дури 13 милиони луѓе.
