Блокирани сте додека не се направат уставните измени, колку и да звучи лошо, јасно е“, изјави синоќа во „Клик плус“, специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Свесен е дека на некои не им се допаѓа договорот, но сега е шансата, како историска, што треба да се искористи, посакувајќи им на политичарите во земјава да најдат заеднички пат околу уставните измени.
„Посакувам политичарите во Македонија да најдат заеднички начин да ја исполнат оваа тешка задача. Уставните измени не се многу големи по содржина, но предизвикуваат големи емоции и двоумење кај луѓето. Знам дека луѓето често се противат на големите европски одлуки, но не е јасно зошто оваа одлука е толку тешка. Тоа е мал чекор. Посакувам земјата да најде заеднички пат. Германија го сака ова и навистина ќе ви помогне“, вели Сарацин.
На иста линија е и Михаел Рот, пратеник во германскиот Бундестаг. Деновиве тој е во посета на Македонија каде ги повика пратениците да најдат сили да гласаат за уставните измени.
„Би сакал да ги охрабрам илјадниците почитувани колеги овде во Собранието, во Владата, да дадат се од себе за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, а тоа значи дека уставните измени можеби ќе бидат болни за некои колеги, но на на крајот на денот тие се неопходни. Ни треба повеќе амбиции за пристапните преговори“, порача Михаел Рот.
Оние кои не сакаат да ги поддржат уставните измени се пратениците на ВМРО-ПМНЕ и покрај пораките од германските претставници и не само. Очигледно наредбите на сојузниците немаат ефект врз опозицијата. Пратеничката Дафина Стојановска вели дека на секоја средба со меѓународните го пренеле истиот став дека нема да ги поддржат промените по бугарски диктат.
Стојановска нагласи дека информациите дека некои пратеници ги дала опозицијата за да ги изгласаат измените се само шпекулации и купување време. Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека ќе се повлече од политиката доколку пратеникот на неговата партија даде поддршка за овие измени со кои се предвидува внесување на Бугари во Уставот.