Германската влада го отежна добивањето на државјанство за мигрантите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германската влада ја откажа забрзаната постапка за добивање државјанство и сака да го суспендира семејното обединување за одредена група бегалци кои пристигнале во Германија за две години, објавија денес германските медиуми.

Исклучоци би биле можни само од хуманитарни причини, на пример, во случај на сериозни болести, пишува Дојче Веле (DW).

Во првиот чекор, владата во среда го прифати предложениот законски амандман, а за него сè уште треба да одлучи Бундестагот, во кој мнозинството го имаат партиите што ја сочинуваат владејачката коалиција – CDU/CSU и SPD.