Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да добие статус на „асоцијативна членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, оценувајќи дека таквиот модел би можел да помогне во постигнување договор за завршување на војната.
Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на ЕУ, но без право на глас.
Мерц смета дека ваквиот модел би можел да ги олесни актуелните мировни преговори и да претставува дополнителна безбедносна гаранција за Украина во војната со Русија.
Германскиот канцелар предложи и политичка обврска земјите-членки на ЕУ да ја применуваат клаузулата за меѓусебна помош кон Украина, што според него би придонело за безбедноста на цела Европа.
Украина во моментов има статус на земја-кандидат за членство во Европската Унија, но европски претставници оценуваат дека полноправното членство во следните години е малку веројатно поради долгиот процес на реформи и потребата од ратификација од сите 27 земји-членки.
Предлогот на Мерц предвидува и можност украински претставници да учествуваат во работата на Европска комисија и Европски парламент, но без право на одлучување.
Германскиот канцелар најави дека за оваа иницијатива ќе разговара со европските лидери.
