Германците еднаш годишно ќе можат да го сменат полот во документите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Германската влада има намера со закон да ја олесни промената на полот во официјалните документи.

Од средината на 2023 година, сите граѓани на 14 години треба да можат да го променат полот и името со одење во матичар.

Министерот за правда Марко Бушман и министерката за семејство Лиза Паус го претставија нацртот на новиот закон.

Во моментов во Германија, секој што сака да го промени полот во своите документи мора да помине низ долга процедура заснована на важечките закони од 1980 година, која вклучува два психијатриски тестови.

Според новиот закон, секој граѓанин од 14 години може да оди во матичар и да го промени полот на едноставен начин, без операција.

Интересно е што законот не предвидува само една промена, туку им овозможува на граѓаните да го менуваат полот неколку пати, еднаш годишно.