Гешовски: Сите приватни пошти станаа подобри од државните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сопственикот на приватната пошта ЕКО Логистик Игор Гешовски, вечерва во Бизнис 21 зборуваше за состојбата со поштенските услуги во државата.

Тој рече дека сите приватни пошти во светот се подобри од државните.

„Сите приватни пошти станаа подобри од сите државни пошти. Ние како мала држава во која имаме насјлаба услуга во поштенскиот бизнис во Европа и во регионот, отвораме простор за пенетрација и за странски играчи и за продавачи. Државата мора да го развива овој сегмент“, рече Гешовски.

Гешовски рече дека неколку пати иницирал средба со Пошта за подобрување на поштенските услуги, и не наишол на слух.