„Се наоѓам во Клиничкиот универзитетски центар Мајка Тереза во Скопје. Пациентите се жалат дека постојано не можат да најдат паркинг место поради хаосот кој се создава поради недостиг на паркинг места. Пред мене е еден автомобил. Член на семејството седи во автомобил и не може да го придружува неговиот родител во болница во текот на прегледот бидејќи не успеал да најде паркинг место.“, вели репотерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.
АНКЕТА:
Тешко е, еве чекам тука на средина.
-Не можете да најдете место за паркирање?
Не, нема. Пола час се вртев, се вртев, нема паркинг.
-Чекате некој член на семејството.
Да, гледате и сами, чекам…
Граѓаните велат дека треба да имаш многу среќа за да го паркираш автомобилот, инаку ќе го изгубиш и терминот за преглед.
Се убив одејќи но нема.
-Дали се случило да изгубите термин?
Да, еве мајка ми го изгуби терминот.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вели дека постапката за изградба на новите паркинг места е при крај, но се одолговлекува поради бирократските проблеми, како што е експропријација на парцелите каде ќе се изградат истите.
Потсетуваме дека Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во неговото прво појавување пред медиумите, пред четири месеци, рече дека негов приоритет е регулирање на прашањето со паркингот во Клиничкиот центар во Скопје.
