„Ги исполнивте сите критериуми, менување на име на држава е многу сериозна работа“, рече Пицула

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тонино Пицула, европратеникот вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека Северна Македонија ги исполнила сите критериуми за да почне преговори со Европската Унија.

Пицула рече дека барањето за промена на име на држава е сериозна работа, и дека ЕУ треба да го исполни ветувањето.

„Наместо било какви нон-пејпери нас ни треба пејпер, наместо некакви илузорни обиди нас ни треба реална политика, а реалната политика во овој случај е дека земјата која навистина ги исполнила сите критериуми кои не се стандардни затоа што да барате од некој да го промени името е многу сериозно, не е како да барате промена на некој закон за екологија и ако сака да биде некоја геополитичка комисија или да биде геополитички влијателна Европска Унија, тогаш нека го докаже тоа во своето прво соседство. Западниот Балкан не е оддалечен, тој е првиот сосед на Европската Унија и еве можност до крајот на оваа година таа несреќна, јас би рекол помалку и срамна епизода да се стави ад акта“, кажа Пицула.