Гимназистите од Кичево на протест – „Не сакаме онлајн настава, отворете ги училиштата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Отворете ги училиштата, Отворете ги училиштата, Отворете ги училиштата“

Со овие извици учениците од средните училишта „Дрита“ и “Мирко Милески“ во знак на протест маршираа од плоштадот на градот до кичевската гимназија. Бараат наставата да се одржи со физичко присуство, а не онлајн како што одлучи Владата.

„Ние сме ученици на ова училиште и сме собрани тука за да се бориме за нашите права, правото за образование. Сите ученици на гимназијата Дрита и Мирко се собравме овде бидејќи сакаме да учиме со физичко присуство, а не онлајн“.

„Од почетокот на пандемијата до јуни имавме онлајн настава и видовме дека не беше воопшто ефективно, ние ги сакаме нашите права, сакаме да се вратиме на училишните клупи“.

Директорот на Гимназијата Дрита, Фестим Ахмети, вели дека тие како училиште доставиле барање за настава со присуство, но МОН одлучило дека училиштето не ги исполнува условите за настава со физичко присуство.

„Сметам дека барањето за физичка настава е нивно право, протестот е нивно право исто и бојкотот е законски, но МОН одлучи наставата главно во средните училишта и основните училишта да се одржи онлајн“, посочи Фестим Ахмети.

Двете кичевски гимназии „Дрита“ и “Мирко Милески“ имаат 1500 ученици кои учат во еден објект на две смени.