Гир: За напредок на земјата неопходна е ефикасна борба против корупцијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ефикасна борба против корупцијата е неопходна за напредок на земјата и за подобар живот на граѓаните, напиша на Твитер евроамбасадорот Дејвид Гир по средбата со претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

– Добра средба со претседателката на Антикорупциската комисија Ивановска. Има напредок во борбата против корупцијата, но неопходни се натамошни напори во кои Антикорупциската комисија ќе ја има водечката улога, напиша евроамбасадорот на Твитер.