Гласаат старите и изнемоштени лица – живеат во еден дом, гласаат за различни општини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ги читаат новите вести од весниците.

Други гледаат телевизија и пијат кафе.

Ова утро не беше вообичаено за лицата кои престојуваат во Домот за стари лица „Идила Терзиева“. Тие денеска гласаат за да го изберат градоначалникот на општината од која доаѓаат.

Ги подготвија личните карти и чекаат на ред…

Оваа госпоѓа вели дека не се сеќава колкупати досега има гласано, само знае дека има излезено на сите избори.

Прашавме уште неколкумина дали се пријавиле за гласање.

Добија инструкции како треба да гласаат, па откако сѐ беше подготвено, почна и гласачкиот процес. Тие иако живеат под ист покрив, гласаат за општините каде живееле порано.

Од вкупно 66 лица кои престојуваат во овој дом, само 24 се пријавени за гласање. Останатите имаат проблем со документите или пак не изразиле желба да го искористат нивното граѓанско право.

Инаку, според информациите, во Домовите за стари лица во земјава се пријавени 351 лице за гласање.