Главчев: Бугарија поддржува проширување на ЕУ, но по општи услови и процедура која им е позната на сите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот премиер на Бугарија, денеска од „Берлинскиот процес“ истакан дека неговата земја е жесток поддржувач на проширувањето на ЕУ, но притоа да се почитуваат сите услови и процедури.

„Отсекогаш сме биле на ставот дека секоја земја која е кандидат за членство во ЕУ мора да има свои заслуги за учеството во Европската унија, како и да ги почитува сите права и одговорности што ги презела во процесот. Значи ние сме жестоки поддржувачи на проширувањето на ЕУ, но подлежиме на општи услови и процедура која им е позната на сите“, рече Главчев.

Во однос на Македонија, рече дека е даден добар пример на средбата, една земја да преговара со целата ЕУ.

„Ова го направивме со Република Северна Македонија и очигледно одиме напред, како што беше даден добар пример на средбата – една земја да преговара со целата Европска унија“, истакнал Главчев.