Додека решававме децеински тешки прашања, успеавме државата од изолација и стагнација да ја донесовме на патот на ЕУ итеграциите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој додава дека Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО и на чекор пред започнување на преговори со ЕУ
„Го исправивме патот напред, за нашата татковина. Кревавме плати додека ја враќавме слободата. Нема веќе страв, нема медиуми под диктат. Нема газење врз луѓето. Наспроти тоа, парите сега одат кај луѓето наместо во стиропор, жални врби и галии“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Заев рече дека како држава која претходно била скарана со речиси сите соседи, сега сме држава која е пријател со сите земји во светот.
