За да бидеш корисник на детски додаток за трето дете треба да примате минимална плата Така предвидува измената на законот од март 2020. Ова влијаеше видно да опадне бројот на корисници на ваквата помош.
Слаѓан Ѓорески, татко на три деца е еден од родителите чие барање е одбиено за примање детски додаток. Тој вели дека е одбиен бидејќи примал плата малку повисока од минималната.
За да биде полошо, само неколку дена откако му е одбиено барањето, Слаѓан останал без работа и сега останал и без плата и без детски додаток. Вкупниот број на корисници на детски додаток во Кичево изнесува 405. Координаторот на Центарот за заштита на децата во Кичево вели дека измената на законот е дискриминирачка. Тој го спомена фактот дека изминатите години во Кичево над 70 семејства примале детски додаток за трето дете, но со измената на законот бројката е падната на 20.
„Моментално, новиот закон има неколку позитивни страни, но од друга страна е дискриминирачки, бидејќи повеќето од децата кои треба да примаат детски додаток, додаток за родител, школски додаток итн, ги ограничува или им дава лимит тие да се со минимална плата или да е вработен само едниот родител и тој да има минимална плата“, истакна Садик Емроја.
Очаен, Слаѓан има прашање до Заев:
