Занаетот казанџија е еден од најстарите и е на работ на исчезнување. Во Кичево овој занает го одржува Коста Галимановски, гледајќи на него не само како професија, туку и како уметност. Во последно време ја отвори својата трета изложба, која овојпат пренесува посебна приказна.
Идејата за оваа изложба се родила кога тој сфатил дека не може да ги фрли малите парчиња метал кои му останале од секојдневната работа.
Со мајсторство и страст, Коста не го одржува жив само занаетот, туку и духот на уметнoста. За таквите како него, Домот на културата во Кичево секогаш ги отворa вратите.
-Забележав дека најголемата потреба на уметниците е поддршка, особено кога организираат активности за кои граѓаните не треба да платат билет. Ние сме соработници во таа насока и им овозможуваме колку што можеме, затоа што овие простории се создадени токму за таа цел – да се поддржат уметниците и младите таленти, изјави Мазлам Омани, директорт на Дом на култура во Кичево.
Изложбата содржи дела направени од остатоци од бакар, бронза, железо и друго, кои обично завршуваат на отпад. Сепак, за Галимановски тие се спомен, фрагмент од работата и духовно богатство.