Ѓоковиќ доби забрана за влез во САД

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

На Новак Ѓоковиќ не му е дозволен влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, што значи дека нема да смее да се натпреварува на УС Опен, објави сенаторот од Флорида, Рик Скот.

Тој напиша дека на Ѓоковиќ нема да му биде дозволено да игра во Индијан Велс и Мајами, но најважен е УС Опен, кој доколку победи, ќе му донесе предност на Ѓоковиќ пред Рафаел Надал на вечната ранг-листа. Ѓоковиќ испратил барање до САД за изземање, односно посебна дозвола за влез, но тоа било одбиено.

реклама

„Штотуку бев информиран дека американското Министерство за домашна безбедност го одби барањето на Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцини, што го прави неподобен за турнирите во Индијан Велс и Мајами. Џо Бајден треба да го поправи тоа сега, да го даде ослободувањето и да му дозволи да се натпреварува во Соединетите Американски Држави“, напиша Рик Скот.

Турнирот во Индијан Велс е закажан од 6 до 19 март, додека во Мајами се игра од 19 до 2 април. УС Опен е на програмата од 28 август до 10 септември, па српскиот тенисер и неговиот правен тим ќе имаат време да се борат за настап на Грен слем. Организаторите изразија желба да дојде Ѓоковиќ.

реклама

„Новак Ѓоковиќ е еден од најголемите шампиони што нашиот спорт некогаш ги видел. Тениската асоцијација на САД и УС Опен се надеваат дека на барањето на Новак да влезе во земјата ќе биде одговорено позитивно и дека навивачите ќе можат да го гледаат во акција на Индијан Велс и во Мајами“, беше објавено на официјалниот Твитер на УС Опен.

На почетокот на неделата Ѓоковиќ го собори рекордот на Штефи Граф, тој помина повеќе недели на врвот на ВТА од кој било тенисер во историјата. Но, тој беше разочаран на АТП турнирот во Дубаи, каде во полуфиналето беше поразен во два сета од Русинот Данил Медведев.

реклама
реклама
реклама