Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз го победи Бугаринот Григор Димитров со 6:4, 6:3 и со тоа ја освои 40. титула на Мастерс турнирот во кариерата.

Ова воедно е негов седми трофеј во Париз и токму овој турнир стана Мастерс што Новак го освои најмногу пати. Сега зад Париз се Мајами и Рим со по шест титули.

Од самиот старт можевме да заклучиме каков натпревар ќе гледаме. И двајцата играа многу нервозно, не напаѓаа премногу и најмногу ги чекаа грешките на противникот.