Ѓоковиќ влезе во финалето во Рим и испиша историја – ја постигна 1000-та победа во кариерата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Каспер Руда со 2-0 во сетови и се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим.

Српскиот ас по еден час и 43 минути игра славеше со резултат 6:4, 6:3 и со тоа ја постигна 1000-та победа во кариерата.

За шестата титула во главниот град на Италија, прва по две години ќе се бори со Стефанос Циципас, кој претходно денеска по пресвртот го совлада Александар Зверев.