ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600 мм на улица Франце Прешерн 100Д во населбата Влае, голем дел од градот е без вода, а останатите делови имаат намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, информираат од претпријатието.