Македонија е земја која ги има сите ресурси за производство на електрична енергија од обновливи извори како ветер, сонце, вода. А како една од причините за високата инфлација се наведува токму енергетската зависност и скокот на цените на енергенсите. Требаше ли да ни се случи енергетска криза, за да се разлимислува за обновливи извори? Колку се вложува и кога можеме да го почувствуваме бенефитот?
„Конечно ќе почне со работа и ветерниот парк Богословец кој исто така ќе произведува електрична енергија од обновливи извори со моќност од 36 мв со 8 ветерни столба“, посочи Дарио Николовски.
„Според неофицијални информации во разговор со инвеститорите очекуваат до крајот на годинава да се завршат сите технички обврски и потоа да започне со работа“.
Станува збор за инвестицијата во вредност од 61 милион евра. Се очекува во наредните 25 години да овозможи зелена енергија за околу 20 илјади домаќинства во државата. Заинтересираноста за поставување фотоволтаици на покриви и земјени површини е огромна -вели Николовски има и домашни и странски ивеститори. Но, има и дилема кај голем број заинтересирани, дали можеби нема да има штетно влијание поставувањето на фотоволтаиците на земјоделско обработливото земјиште?
„Секоја една промена отвора многу прашања. Но, можам да пренесам дека сите чинители кои се вклучени во развивање на полето на енергетиката секогаш се трудиме да работиме на база на проверени факти и врз основа на тоа да се носат сите законски регулативи, подзаконски акти, правилници, бидејќи не е целта да развиеме едно поле, а на другото да делуваме негативно“, вели Дарио Николовски.
Според Николовски сите чекори кои се превземаат се внимава за да зачува плодното земјоделско земјиште, но да се реализираат и инвестициите кои ќе не направат енергетски стабилна држава. Моќност од 27 мегавати инсталирање за производство на електрична енергија од обновливи извори. Споредено со сите години наназад за 11 мегавати повеќе од вкупното производство до сега додава тој.