Голем пожар ја зафати историската фабрика „Manufaktura Nevski“ во Санкт Петербург.
Еден пожарникар загина, додека пак двајца се сериозно повредени, пренесува агенцијата Франс Прес.
Пожарот е сè уште силен, а во гаснењето учествуваат 350 пожарникари.
Околностите на избувнувањето на пожарот засега не се познати, а пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарот, кој се простира на повеќе од 10.000 квадратни метри.
Руското министерство соопшти дека 40 лица биле евакуирани од фабрика во југоисточниот дел на Санкт Петербург.
Според државната новинска агенција ТАСС, за време на инспекцијата во февруари и март биле идентификувани голем број неправилности, особено недостаток на алармни системи и автоматско исклучување.
„Manufaktura Nevski“, голем комплекс од црвена тула, изграден во XIX. век од англиски индустријалец, долго време е една од најголемите фабрики за текстил во СССР. До денес, комлексот останал делумно индустриска фабрика, еден дел напуштен, а дел изнајмен како комерцијален простор.
Експлозии и пожари се релативно чести во Русија поради застарена инфраструктура и непочитување на безбедносните стандарди.
