Голем пожар на грчкиот остров Кефалонија, наредена евакуација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација за три области, објавија грчките медиуми.

Пожарот избувнал во земјоделско-шумска површина, а на местото на пожарот биле распоредени 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.

„Доколку сте во областите Каравадос , Дорисата и Керамис , засолнете се и упатете се кон Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се вели во соопштението на противпожарната служба.

Четири авиони и два хеликоптери, исто така, помагаат во гаснењето на пожарот, според грчкиот весник.

Освен на Кефалонија, пожар утрово избувна и во шумска површина во регионот Фихти во Арголис, Грција, објави „Катимерини“.

ФОТО: Архива