Голем пожар во фабрика во Бихаќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фабриката на австриската компанија „Аустротерм“, која се занимава со производство на стиропор, утрово ја зафати голем пожар во Бихаќ.

Портпаролот на полицијата Аднан Бегановиќ го потврди пожарот и извести дека противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Засега нема информации за повредени во пожарот.