Повеќе од 170 домови беа оштетени во голем пожар што зафати густо населена станбена област во јапонскиот град Оита во текот на ноќта, а едно лице беше убиено, соопштија локалните власти.
Полицијата потврди дека на местото на пожарот е пронајдено телото на едно лице и се обидува да утврди дали станува збор за 76-годишниот маж кој е исчезнат, објави „Кјодо“.
Повеќе од 12 часа по избувнувањето на пожарот, пожарникарите продолжија да се борат со пожарот во пристаништето Саганосеки, што беше пријавено во полицијата во вторник.
Префектурата Оита побара помош за гаснење на пожарот, кој зафати околу 48.900 квадратни метри и се прошири на пошумена површина.
Градоначалникот на Оита, Шиња Адачи, им изјави на новинарите дека не очекува пламените јазици да се прошират понатаму.
Висок функционер на префектурата, Шого Фуџикава, рече дека чадот се намалува и дека пожарот наскоро треба да биде ставен под контрола, но предупреди дека е прерано да се даваат конечни проценки.
Јапонскиот премиер Санае Такачи изјави на платформата X дека владата ќе обезбеди „максимална поддршка во соработка со локалните власти“.
