Голем пожар во Пула, дел од градот без струја, наредена евакуација (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар со големи размери денеска околу пладне изби во хрватскиот град Пула, во населбата Велдебек.

Пожарот зафати и една трафостаница, по што пола град остана без струја. Оганот зафати и повеќе автомобили, а во блиските населени места е наредена евакуација.

„Топете ги со вода дворовите, а доколку оганот е блиску до вас, евакуирајте се“, стои во соопштението на противпожарната бригада.

Неколку авиони беа вклучени во гасењето на пожарот, а според информациите, најлошото е веќе поминато, и останува само да се стави пожарот под контрола. Засега нема информации за жртви или повредени лица.