Ветер со променлив правец и грмежи ја отежнуваа работата на американските тимови кои се борат со шумски пожар во Орегон, што е само еден од десетината пожари што избувнаа во неколку западноамерикански држави.
Катастрофалниот пожар еден од најголемите во модерната историја на Орегон, веќе изгоре повеќе од 1.210 квадратни километри шума, што е област која е скоро колку Лос Анџелес.
Сепак, огнот е ставен под контрола на околу 25 проценти од територијата што граничи со Калифорнија.
Метеоролозите и за денеска предвидуваат избувнување нови пожари, поради можноста од грмотевици и во Калифорнија и во јужниот дел на Орегон.
