Голем пожар избувна денес во 12-от арондисман во Париз, зафатувајќи осумкатна зграда, а околу 180 пожарникари се обидуваат да ги стават пламените под контрола, објавија француските медиуми.
Според првичните информации, во пожарот нема повредени, објави телевизиската станица Bfm.
Според градските власти, зградата е во изградба, а сите вработени на градилиштето беа брзо евакуирани.
