Дали сте од оние луѓе кои често ги спасува микробрановата затоа што не сте го извадиле на време месото од замрзнувачот? Ако е така, тогаш треба да бидете исклучително внимателни за тоа.
Општо познато е дека металниот прибор, садовите и алуминиумската фолија не треба да се ставаат во микробранова печка. Она што е помалку познато е дека не сите намирници (како грав и тврдо варени јајца) се погодни за употреба во микробранова печка. Потребна е претпазливост дури и со замрзнато месо.
Микробрановата печка инаку е одличен уред за брзо одмрзнување на месото доколку заборавиме навреме да го извадиме од замрзнувачот. Сепак, мора да се биде многу внимателен, пишуваат на порталот „Пункуфер“.
Наодите на американското Министерство за земјоделство покажуваат дека мора веднаш да го искористиме и термички да го обработиме одмрзнатото месо. Откриено е дека кратко време по брзото одмрзнување во микробранова печка, бактериите почнуваат да се формираат во потоплите делови на месото, што доведува до расипување.
Препорачливо е да се обидете да го одмрзнете месото побавно, дури и во микробранова печка, на 20 до 30 проценти од капацитетот за загревање на рерната.
Идеалниот температурен опсег за раст на бактериите е помеѓу околу 5 и 60 степени Целзиусови.
