Голема несреќа во Шпанија: Санчез прогласи тридневна жалост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанскиот премиер Педро Санчез го посети местото на железничката несреќа во која загинаа најмалку 39 лица, а 152 беа повредени и прогласи тридневна национална жалост.

„Ова е болен ден за Шпанија“, изјави Санчез пред новинарите во јужниот град Адамуз.

Два воза од спротивни насоки се судрија во 19:40 часот на периферијата на градот, кој има население од 4.000 жители. Задните вагони на брзиот воз што сообраќаше од Малага до Мадрид излетаа од шините и преминаа на спротивната пруга, удирајќи во брзиот воз од Мадрид.

Санчез, кој поради тоа го откажа учеството на економскиот форум во Давос во Швајцарија, изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Шпанија ќе прогласи тридневна жалост од полноќ.

„Оваа трагедија бара единство“, рече Санчез, чија земја се соочи и со смртоносни поплави во регионот Валенсија пред една година.