Голема полициска акција е во тек во Прилеп, потврдуваат од МВР за ТВ21.
Според првичните неофицијални информации на ТВ21, разбиена е голема мрежа на дилери на дрога.
Се апсат лица од познати локали во Прилеп.
Акцијата е во тек и токму поради тоа од МВР не соопштуваат повеќе детали.
Неофицијално, приведени се полициски службеници, сопственици на локали, бизнисмени…
