Улиците во Битола под вода. Нестабилно време проследено со обилни врнежи на дожд попладнево повторно предизвикаа големи поплави низ улиците.

Битолчани по социјалните медиуми споделуваат фотографии на кои истакнуваат дека Битола почнала да личи на Венеција. Тие апелираат за санирање на проблемот од страна на надлежните.
Слична слика можеше да се забележи неколку денови по ред.
