Големиот пожар во Грција му го прекина одморот на премиерот Мицотакис

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, мораше да го прекине одморот поради големиот пожар кој беснее во Атика, во близината на Атина.

Пожарот се заканува да зафати и куќи во јужниот дел на Грција, а Мицотакис веднаш реагираше и се врати од одмор, и веднаш се упати кон Оперативниот координативен центар за операции и справување со кризи.

Во центарот бил информиран за противпожарната операција, распоредување на воздухопловни сили, капацитети, а придружуван од министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилија, пренесува порталот Прототема.