Голман суспендиран во Хрватска поради дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дино Хеќимовиќ, голманот на ракометниот клуб Осиек, е суспендиран на две години поради присуство на амфетамин во неговиот систем.

Хрватскиот голман ќе мора да се „олади“, бидејќи Хрватскиот институт за јавно здравје информираше дека во телото на голманот на Осиек било констатирано присуство на амфетамини. Тестирањето беше спроведено на 22 септември 2024 година.

Откако примерокот од урината на Хеќимовиќ беше позитивен, тој беше привремено суспендиран на 19 ноември. Дисциплинската комисија на 30 декември одржа седница на која одлучи да стапи на сила двегодишната забрана за играње ракомет.

Првиот ден од суспензијата се пресметува на 19 ноември, па Хеќимовиќ ќе се врати на професионалниот спорт на истиот датум во 2026 година.

Ракометарот не ја обжалил одлуката на советот, ниту пак побарал анализа на примерокот од кој се сугерира дека ја признал вината и е подготвен да одговара за своите постапки.

Ракометниот клуб Осијек ја заврши сезоната во домашното првенство на Хрватска на петтото место од осум екипи, а се бори за опстанок, но речиси го обезбеди опстанокот бидејќи се на второто место во новата делница, со 10 победи, едно реми и 5 порази.