Познатиот новинар Фабрицио Романо објави еден емотивен момент што се случи меѓу капитенот на Аргентина, Лео Меси и голманот на Зеленортските острови, Хосимар Хозе Евора Диаз попознат како Возиња, по шеснаесетфиналниот дуел меѓу двете селекции на Мундијалот.
„По натпреварот му пријдов на Меси… Тој ме прегрна и ми рече: „Ти си одличен, твојот народ треба да биде горд на тебе.“ Тоа беше неверојатен момент за мене“, рекол Возиња.
„Да слушнеш такви зборови од некој како Лео Меси ми значи навистина многу. Му се заблагодарив и му реков: „Ти благодарам, Лео, ти си најдобриот.“ Потоа го прашав дали можеме да ги размениме дресовите. Лео ми рече дека ќе ми го даде својот дрес во тунелот, по завршувањето на интервјуата.“, кажал Возиња.
„Ваквите моменти засекогаш остануваат врежани во срцето.“, пишува во објавата на Романо.
