Со вчерашниот гол во 28. минута од натпреварот со Австрија, откако израмни на 1:1, македонскиот репрезентативец Горан Пандев стана вториот најстар стрелец на Европските првенства.
Пандев со 37 години и 321 ден постигна гол, и стана вториот највозрасен. Прв е австрискиот репрезентативец Ивица Вастиќ со 38 години и 257 денови, кој постигна гол против Полска на ЕП 2008 година.
Македонија го загуби натпреварот со Австрија со 3:1, и во четврток ќе треба да го поправи впечатокот со дуел против Украина во Букурешт.
ФОТО: ФФМ
