Ѓорѓев: Возрасната граница за животно осигурување е од 14 до 65, младите се позаинтересирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осигурителниот брокер Горан Ѓорѓев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека возрасната граница за животно осигурување во Македонија е од 14 до 65 години.

„65 годишна возраст е последната граница каде што човек може да направи полиса за осигурување“, вели Ѓорчев.

Како што вели, младите покажуваат поголем интерес за овие производи.

„Еден добар тренд што го имаме во изминативе години е дека младите луѓе во раните 20-ти се повеќе и повеќе покажуваат интерес во однос на ваквите продукти. Младите генерации се доста позаинтересирани, доста побрзо доаѓаат до информации. Би рекол дека некаде од 30 до 45-50 година е најчестото, тука можеме да го бараме најголемиот процент на склучени полиси“, додаде Ѓорчев.