Ѓоргиев: Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата Димтров

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На еден ден пред онлајн состанокот на Мешовитата македонско-бугарска комисија за решавање на споровите, копретседавачите Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, денеска си разменија не толку добри зборови.

Бугарскиот копретседавач Димитров рече дека бугарската позиција е единствена и почитички монолитна, за разлика од македонската. Тој истакна дека почитичарите одат во насока кон решавање на процесот, додека тоа не е случај и со историчарите.

Копретседавачот на македонската комисија Драги Ѓоргиев истакна дека е зачуден од изјавата на колегата Димитров.

„Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо”, вели Ѓоргиев за РСЕ.

Димитров за Бугарската национална телевиција рече дека било тешко да се работи со колегите од земјава, забележувајќи дека зборовите на премиерот Зоран Заев кој влеале надеж дека има нов поглед кон минатото наишле на сериозна критика дури и од членовите на комисијата.