Ѓорѓиевски: Најголемиот долг во Град Скопје е продуциран во времето на Арсовска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека најголемиот долг во Градот е продуциран во времето на претходничката Данела Арсовска.

„Сите јавни претпријатија, Градот Скопје со се тужби и извршни решенија и кредити е околу 300 милиони евра. Малку сум згрешил во кампањата кога кажував дека околу 250 милиони евра е, но не, 300 милиони евра е долгот на Град Скопје“, вели Ѓорѓиевски.

Како што вели, тоа не го обесхрабрува, туку го мотивира.

Во однос на тоа дека можно е долгот да е од претходниците, Ѓорѓиевски посочи „затоа кажувам сите, но најголемиот долг е продуциран во времето на Арсовска“.