Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше за акцијата „72 часа“ кои беа предвидени за чистење на главниот град.
„Помина рокот од 72 часа за чистење на Скопје, морам да кажам дека сум задоволен како помина, со оглед на тоа што затекнав кога ја преземав функцијата. Собравме преку 4,5 илјади тони отпад, го исчистивме коритото на Вардар, почнавме да го чистиме Вардариште, ја исчистивме допонијата кај гробиштата во Бутел. Нема да сопреме, правиме оперативен план за дејствување во следниот период. Нема да дозволам да се случува онаа грда слика која беше во изминатиот период во Скопје. Освен што домаќинствата беа опфатени во целиот процес, знаете дека речното корито почнавме да го чистиме. Нормално тече реката Вардар, плоштадот не беше испратн многу долго време, но целото уредување тука во центарот, вклучувајќи го мостот, кејот, градскиот парк, паркот Жена борец. Беше исчистена и големата депонија кај гробиштата Бутел. Скопјани да бидат спокојни, имаат човек на кого може да се поптрат, и човек кој ќе даде се од себе да не минуваме голгота како во изминатите четири години“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој рече дека неговиот план е да има над 60 камиони функционални за чистење на ѓубре.
„Јас кога станав градоначалник, имаше само 14 фунцкионални камиони за чистење ѓубре, сега има над 40, но одиме понатаму да направиме да бидат над 60 камиони“.
Градоначалникот рече дека изречени се над 40 казни.
„Доколку некој несоодветно се однесува, ќе пристапиме кон опомени и казни. Повеќе од 40 казни се изречени, казнети се и физички и правни лица. Секој правен субјект ќе добие соодветен контејнер, затоа што имаме сериозни правни субјекти кои не користеле соодветни којтенери“, изјави Ѓорѓиевски.
