Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители на свежо месо „Македонско прасе“, кажа дека земјоделството се соочува со проблем во иднина, и очекува пад на производството од многу фактори.
„Младите не сакаат да работат земјоделство. Тоа е најголем проблем. Тука би додал дека се повеќе се иселуваат. Државата треба да се занимава со нас кои останавме земјоделци. Не очекуваме да бидеме платени повеќе од некои сектори, но да бидеме соодветно платени. Не очекува многу тежок период, се појавуваат болести од година во година на животните. Во иднина не сум толку оптимист дека ќе имаме зголемено производство, или ќе го одржиме или ќе паѓа. Околу субвенциите, треба да се исплаќаат треба да бидат исплаќани навремено“, рече Ѓорѓиевски.