Гори депонијата кај струмичко Ново Село

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гори депонијата за отпад „Солена река“ кај струмичко Ново Село и од неа се издига голем облак од црн чад.

Пожарот го потврдија од општина Ново Село.

Оттаму информираат дека ЈПКД „Комуна“, во соработка со противпожарните единици од Ново Село и Струмица, прави напори да го изгасне пожарот на депонијата. Меѓутоа, заради недостапноста тој продолжува да гори, но нема опасност да се прошири надвор од депонијата.

Од Општина Ново Село упатуваат апел до граѓаните да бидат совесни и да не го палат ѓубрето на депонијата за да не се загадува воздухот и да не се предизвикуваат пожари.