Гори стан во зграда во Гостивар (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во моментов во Гостивар во зграда гори стан. На видеото на Фејсбук страницата „Gostivari Sot” се гледа како излегува црн дим од еден од становите во станбена зграда.

Противпожарните екипи како и екипите на брза помош се на терен.

Засега не е позната причината за пожарот, а повеќе детали очекуваме во текот на денот.

Вчера во Тетово се запали стан, при што неколку лица побарале помош поради задушување со чад.