Екипата на Шкупи ја продолжува сезоната со нов тренер. Станува збор за легендата на репрезентацијата Гоце Седлоски.
Седлоски последно работеше во младинскиот тим на Динамо Загреб, а претходно беше сппртски директор и тренер во Вардар. Го водеше и тимот на Хоризонт Турново.
„Како прво, сакам да им се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите оние кои инсистираа на мое доаѓање. Имавме разговори во текот на зимата, но во тоа време не најдовме заеднички јазик. Сепак, ете сега најдовме заеднички јазик и јас сум дел од Шкупи. Амбициите ни се совпаѓаат, а тоа секако е највисок пласман. Имам предвид дека многу се вложува во овој клуб, ангажирани се многу фудбалери, иако искрено познавам само двајца или тројца од овие фудбалери со кои работев малку додека бев во Вардар, додека другите не ми се познати . Следуваат шест мечеви во кои јас дефинитивно ќе добијам појасна слика за екипата – рече Седлоски.
Сезонава Шкупи атакува кон излез во Европа, со оглед дека заостнува од Шкендија која ќе биде нов шампион.
