АМСМ информира дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
„Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути.
Поради настанатиот пожар на граничниот премин Богородица, сообраќајот на овој граничен премин е во прекин и истиот се пренасочува на г.п Дојран.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, додаваат од АМСМ.
