Јавното претпријатие за државни патишта скучило договор со Градежен Институт Македонија вреден над 8,2 милиони евра за надзор за докомплетирањето на градежните работи на автопатот Кичево – Охрид на Коридорот 8, пренесува „Фактор“.
Договорот следува по одлуката за пролонгирање на рокот за изградба на оваа автопатска делница, а за што се прави и анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро која е изведувач на работите. На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Анексот на договорот за продолжување на рокот, иако беше најавено за до крајот на јуни, и уште не е испратен во Собрание.
Договорот кој е со рок на траење од 5 години и пет месеци, 41 месец се за иградба на делницата, а другите за надзор во фаза по изградбата.
Министерот Благој Бочварски, и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми еднаш веќе најавија дека рокот за изградба ќе биде пролонгиран до крајот на 2023 година односно до 31 декември.
Ова ќе биде второ продолжување на рокот за изградба на оваа автопатска делница. Првично беше најавено да е готова во 2018 година, но со анекс на договорот се продолжи рокот до 30 јуни годинава, а сега има ново пролонгирање.
