Градинката „Рилиндја“ во Тетово чека зелено светло од МТСП – Тренчевска ветува дека ќе се отвори во првата половина од годинава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако е изградена пред неколку години, градинката „Рилиндја“ во Тетово сѐ уште не е пуштена во функција. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска уверува дека градинката ќе се отвори во првата половина од оваа година.

Од општина Тетово велат дека презеле четири обврски и дека сите ги исполниле. Затоа, како што велат, сега од нивна страна сѐ е подготвено, само чекаат на дозволата за работа од министерството.

 „Ние како општина на крајот на 11-ти месец го направивме примопредавањето од страна на реализаторот, со еден член од Министерството за труд и социјална политика и од страна на реализаторот. Со тоа примопредавање се обврзавме да исполниме четири точки кои не беа наша обврска. Откако ги исполнивме, побаравме од министерството да се формира комисија и да ни издадат дозвола за работа“, вели Ваљидин Адеми.

Голема е бројката на деца во Тетово кои чекаат да се запишат во градинка, па затоа, отворањето на овој објект се очекува значително да го намали овој број.