Жестоко прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и Гостивар попладнево во Кавадарци.
Се почна со досудениот пенал во корист на Гостивар во 31. минута кога еден домашен играч се обиде да ја расчисти опасноста од својот шеснаесетник.
Откако гостите го искористиа пеналот и зголемиа на 2-0, инцидентите се префрлија надвор од теренот, а во главна улога беше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Очигледно изнервиран, тој се обиде да влезе и да се пресмета со судијата, но беше спречен од неколку домашни фудбалери.
На крај натпреварот заврши со резултат 2-2.
