Граѓаните ги преплавија телефоните на епидемиолозите – бараат да се тестираат за коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Екипата на ТВ21 дојде во Центарот за јавно здравје – Скопје, за да види како епидемиолозите управуваат со состојбата со корона вирусот. Тие постојано се на терен во граничните премини, во скопскиот аеродром, земаат брисеви од нос и грло и ги тестираат пациентите за кои постои сомнеж дека се заразени од корона вирус. 24 часа се на располагање телефонските броеви за граѓаните“, вели репортерката на ТВ21.

Работела три дена со два часа спиење.  Во сабота кога се појавија новите 6 случаи. Епидемиологот Љуљета Имери била дежурна. Таа тестирала на аеродром лице кое пристигнало од Барселона кај кое бил дијагностициран коронавирус. Потоа, епидемиологот ги повикала сите патници и ги советувала како да постапат. 51 патникк се во самоизолација и нивната состојба секој ден ја контролираат епидемиолози по телефон.

Докторката Љуљета Имери вели дека патниците со страв го примиле фактот што патувале со едно од лицата заразени со КОВИД-19.

„На почеток имаше паника, секако, посебно од тие кои биле седнати блиску нив. Потоа ги отвораме анкетните листови, и 14 дена по ред ја проверуваме нивната здравствена состојба“, посочи Лујљета Рахмани Имери.

Телефонот не престанува да ѕвони од загрижени граѓани кои сакаат да се тестираат дали се заразени со коронавирус. На нивните прашања одговара епидемиологот Љуљета Бајрами која ги советува како да постапуваат.

Епидемиологот Бајрами од Центарот за јавно здравје вели дека владее страв меѓу граѓаните и дека секој втор сака да се тестира.

„Не се виновни граѓаните бидејќи сите се исплашени и бараат точни информации. Најмногу се јавуваат лица кои доаѓаат од зоните со среден и висок ризик и граѓаните кои имаат контакт со многу луѓе. Сите сакаат точни информации и прашуваат дали да се тестираат за корона вирус“, посочи Луљзиме Бајрами.

Од Центарот за јавно здравје Скопје се жалат од заморната работа без одмор. Велат дека извршуваат многу активности а се малкумина на број. Освен коронавирусот работат и со други болести. Тие ги замолуваат граѓаните најпрво да се обратат кај матичниот лекар и да не се јавуваат на нивниот број за банални прашања. Епидемиолозите велат дека можат да се тестираат и да им се земат мостри само на лица кои биле во контакт со лица кои доаѓаат од земји со висок и среден ризик. Инаку МЗ донесе одлука додека таре пандемијата со КОВИД-19 лекарите да не земаат никаков одмор од работа и да бидат на располагање на граѓаните.

error: Content is protected !!