Дали владината финансиска инјекција од 470 милиони евра ќе биде наменски искористена ? Поделеност меѓу граѓаните и Синдикатот. Првите се песимисти, не веруваат дека парите кои Владата им ги испорача на работодавачите ќе стигнат на вистинска адреса.
Анкета граѓани:
„Не, не, затоа што сум песимист за сите работи па и за ова .Кај нас ништо не се почитува па ни ова“.
„Тоа е убаво од Владата што превзема такви чекори ама колку ќе биде ефективна таа мерка не знам оти и јас сум невработен, со 5000-6000 од Завод терам па секоја помош е добредојдена..“
„Работодавачите земаа пари од Владата а потоа ги бркаа вработените“
„Во нашата држава се така функционира- земи што можеш да земеш изиграј го законот“
„Не,не играат чесно. И ние имаме приватен сектор, не играат чесно….Се случуваше да земат субвенции да отпуштат вработени…Да, да така си прават“.
Наспроти песимизмот на граѓаните,првиот човек на Синдикатот на работниците Дарко Димовски оптимист. Вели Владата ги сослуша дел од барањата на Синдикатот, меѓу кои и најважното субвенциите за работниците
„Задоволни сме што ни се прифати првото барање кое беше субвенционирање на платите за месеците Октомври,Ноември и Декември. Тоа субвенционирање ќе биде од 14.500 се до 21 770 денари со тоа што за да се исполни тој услов треба Компаниите да ги задржат бројот на работници заклучно со 31 .07 .Значи ако работеле 50 работници тогаш за да ги земат субвенциите мора и за месец Октомври да пријави работодавачот дека има 50 работника,т.е ако испуштил апелирам до работодавачите пак да ги вратат назад работниците за да ги земат овие субвенции“, посочи Дарко Димовски.
Незадоволството кај Димовски е како што вели, што од технички причини Синдикатот не успеал да се избори парите да легнат директно на трансакциона сметка на работникот со цел избегнување на малверзации од страна на работодавачот.
„Сакам да апелирам до несовесните работодавачи кои во минатото не ги дадоа субвенциите што ги земаа од март па се до август да не пробуваат ова да го направат бидејќи ние како ССМ баравме да се вметне еден член за да ги заштитиме работниците, во кој јасно кажува секој работодавач што ќе ги земе субвенциите а не ги исплатил на работникот во целост ќе следува кривична пријава .Кривична пријава е еднаква на затвор“, додаде Дарко Димовски.
Со цел заштита на работникот, Синдикатот како што најави Димовски, во иднина ќе бара преку законско решение покрај месеците Октомври,Ноември и Декември работодавачот да има обврска уште најмалку три месеци да не може да ги испушти тие работници .Инаку мерката за субвеницонирање според четвртиот сет владини мерки треба да ги опфати компаниите кои поради Ковид кризата имаат намалени приходи за 30 и над 30 проценти.
